Фото: Жител на Ченто

Граѓани мрзнат на станица во Ченто, откако автобусите „45“ и „23“ ненадејно престанале да возат, превозниците негираат

Граѓани до редакцијата на „Слободен печат“ реагираа и информираа дека приватните превозници со број „45“ и „23“ од пладнево престанале да возат.

Жители на населбата Ченто испратија фотографии од последната постојка во Ченто, каде можат да се забележат четири или пет паркирани автобуси од линиите „45“ и „23“. Тие велат дека во разговор со возачите на автобусите, дознале дека  денеска веќе нема да возат.

Претставникот на приватните превозници и сопственик на компанијата „Јофи Турс“, Јовица Зафировски за „Слободен печат“ тврди дека нема добиено информација дека предметните автобуски линии ненадејно престанале со возење.

„Немам добиено информација дека линиите „45“ и „23“ престанале со возење. Автобусите број 23 имаа проблем со возењето пред два дена кога падна снег, ама потоа немаше проблеми“, вели Зафировски.

Иако нема официјална информација, повеќе граѓани од Ченто останаа без автобуски превоз и без алтернатива за движење до својата посакувана дестинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот