Граѓаните се повеќе го користат градскиот превоз

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 1.3 %.

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4.1 %, додека во приградскиот превоз е намален за 1.7 %, во меѓуградскиот превоз за 26.8 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 25.7 %.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број превезени патници е намален за 7.8 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6.1 %, во приградскиот превоз за 4.9 %, во меѓуградскиот превоз за 27.4 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29.3 %.

Во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е намален за 11.4 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 2.5 %, додека во приградскиот превоз е намален за 2.3 %, во меѓуградскиот превоз за 24 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 16.6 %.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број на патничките километри е намален за 14.9 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 6.2 %, во приградскиот превоз за 2.5 %, во меѓуградскиот превоз за 26.4 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот