Градоначалникот на Цетиње го повика митрополитот Јоаникије да се устоличи на друго место

Градоначалникот на Цетиње, Александар Кажелан, оцени дека устоличувањето на митрополитот Јоаникије , закажано за 4 септември во главниот град на Црна Гора, „ги навредува националните и верските чувства на православните Црногорци“ и ја повика СПЦ и нејзиниот црногорски митрполит Јоаникије да ја прифати титулата митрополит на некое друго место.

„Никој, ниту државната влада, ниту верската заедница во манастирот Цетиње, која е сопственост на главниот град Цетиње, не смеат да го игнорираат овој факт, но и дека најавениот настан за устоличување на митрополитот е со висок ризик и дека тензиите се веќе е многу високо кренати “, изјави Кажелан.

Тој го повика Јоаникије (Мишовиќ) да покаже мудрост, претпазливост и смиреност и да ја прими митрополитската титула во мир и достоинство, на некое друго место.

Во писмото, Кажелан наведува дека го разбира незадоволството на граѓаните поради најавеното устоличување на митрополитот на СПЦ Јоаникије на Цетиње и ги повика граѓаните да бидат достоинствени и претпазливи доколку настанот навистина се организира на Цетиње.

Во отворено писмо до јавноста, Кажелан изјави дека црногорското општество е загрижувачки поларизирано и дека најавеното устоличување на Јоаникије Мишовиќ како митрополит црногорско – приморски во манастирот Цетиње дополнително ја искомплицира и онака сложената ситуација на полето на верските и политичкитѕе односи со Србија .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот