Град во Охајо „окупиран“ од визони кои биле пуштени од локална фарма

Визон/ Фото: Cheryl Fleishman / Alamy / Alamy / Profimedia

Илјадници визони скитаат по северозападниот дел на Охајо откако вандали упаднаа во фарма за крзно и ослободија до 40.000 визони од нивните кафези, соопштија властите.

Животните, кои избегале во вторникот, ги поплавија околните патишта, а неколку биле и прегазени од автомобилите кои минувале додека ловците ги бркале другите, објавија локалните медиуми во округот Ван Верт во Охајо. „Делфос Хералд“ објави дека работниците на фармата, лоцирана во градот Хогланд, ги застрелале животните додека трчале низ имотот.

Шерифот Том Ригенбах во соопштението рече дека осомничените ја уништиле оградата и ослободиле меѓу 25.000 и 40.000 животни од нивните кафези. Тој рече дека инцидентот се истражува како вандализам и кражба.

Тој предупреди дека визоните се месојадни животни кои се движат до свежо убиената храна и редовно ловат животни поголеми од нив. Тој ги повика сопствениците на куќите, живинарите и другите да се држат настрана од животните и да ги повикаат лиценцираните ловци да ги заробат во оградите.

Коментирајќи на Фејсбук, локалните жители рекоа дека автопатот во округот Ван Верт, на околу 150 милји северно од Синсинати во близина на границата со Индијана, сè уште е покриен со крвта на животните погодени од автомобили и камиони.

Во 2013 година, група која себеси се нарекува Фронт за ослободување на животните ја презеде одговорноста за ослободување на визони од фарма во округот Ван Верт.

„Делфос Хералд“ објави дека групата ја презела одговорноста за ослободувањето на околу илјада визони од друга фарма во Охајо претходно овој месец. Визоните се одгледуваат поради нивното крзно, практика на која застапниците за правата на животните се противат и велат дека е нехумана. Од вчера, помалку од десет илјади визони се „на слобода“, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на интервју со Ригенбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот