Фото: Град Скопје

Град Скопје подготвува проект за нов кружен тек во Ѓорче Петров

Градот Скопје започна со проектирање на два проекти кои се дел од предизборната програма „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска. Станува збор за изградба на нов кружен тек и булеварско решение на улицата Македонска војска во Ѓорче Петров.

Новиот кружен тек на крстосницата меѓу булеварот Македонска војска и улицата Ѓорче Петров, како што велат од Градот, е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните кое досега не е ниту отпочнато со реализација.

Со изградбата на овој кружен тек ќе се растовари сообраќајниот метеж на оваа раскрсница, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Со проектот планирана е изградба на кружен тек и коловозна површина од 11.700 метри квадратни, изградба на нова велосипедска мрежа од 2.700 метри квадратни и пешачка патека од 4.100 метри квадратни – информираат од Град Скопје.

Предвидено е и уредување нова зелена површина на 2000 метри квадратни, со соодветно јавно осветлување и водоводна мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот