Готово: Емерсон Ројал од Барса во редовите на Тотенхем

Емерсон Ројал до 2026 година во боите на Тотенхем/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Десниот бек Емерсој Ројал одлучи да ја напушти Барселона и негов следен предизвик ќе биде екипата на Тотенхем.

Овој одбранбен играч потпиша договор со премиерлигашот кој ќе трае до 2026 година и ќе го носи бројот 12 на својот дрес.

Според информациите овој трансфер од Шпанија во Англија изнесува 30 милиони евра. 22-годишниот бразилски фудбалер беше и на „радарот“ на Арсенал.

Менаџерот на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто беше во потрага по десен бек, бидејќи во прв план не е Серж Орие.

Емерсон Ројал играше претходната сезона во Бетис, беше нивни член, а Барса ја искористи опцијата по која можеше да го откупи за девет милиони евра.

Во новата натпреварувачка сезона на „Ла Лига“ запиша три настапи за каталонскиот гигант.

Најлудата приказна во летниот преоден рок: Имаше клаузула од 300 милиони евра, а си оди од Барселона по само 29 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот