Најлудата приказна во летниот преоден рок: Имаше клаузула од 300 милиони евра, а си оди од Барселона по само 29 дена

Бразилецот на „Камп Ноу“ се задржа само 29 дена/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Последниот ден од летниот преоден рок донесе чудни и неочекувани трансфери, и сигурно еден од нив е тој на Бразилецот Емерсон Ројал.

Според британските медиуми, Емерсон Ројал веќе се наоѓа во Лондон на медицински прегледи по што се очекува да биде потврден неговиот трансфер од Барселона за сума од 30 милиони евра.

Оваа вест не би била чудна и невообичаена доколку Бразилецот пред еден месец не потпиша за Барселона. Имено, на 2. август претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го претстави Емерсон Ројал на „Камп Ноу“ притоа порачувајќи:
Емерсон има откупна клаузула од 300 милиони евра и се надевам дека многу години ќе остане во Барселона.

Но, тоа долго во овој случај е само 29 дена, денеска Бразилецот ќе биде претставен како нов играч на Тотенхем кој плати само 30 милиони евра за неговите услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот