Ѓорѓевиќ: Не е добро, мали се шансите да игра Теодосиќ

фото: ФИБА

Претходно веќе беше објавено дека еден од најдобрите српски репрезентативци Милош Теодосиќ сè уште е на терапија поради повредено стопало кое го повреди на турнирот кој се играше токму во Србија.

Денеска селекторот на националната селекција, Александар Ѓорѓевиќ вели дека не се добри вестите околу здравствената состојба на својот кошаркар.

– Не е добро. Со магнетна резонанца е откриено дека Теодосиќ има руптура од 4 мм. 99% нема да игра на Мундобаскет. Тоа е голем губиток за националниот тим не само во натпреварувачка, туку и во човечка смисла – рече Ѓорѓевиќ за повредата на одличниот плејмејкер, кој неодамна мораше да го напушти подготвителниот меч со Литванија во „Штарк арената“ и оттогаш е на терапии.

Светскиот кошаркарски куп во Кина ќе се игра во периодот од 31 август до 15 септември. Претходно српските кошаркари ќе ги имаат последните три контролни средби на 23 август со Италија, два дена подоцна против Нов Зеланд и на 27 август против Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот