Србија без капитенот на СП во Кина

фото: ФИБА

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ одлучи да настапи на Светското првенство во Кина без капитенот Милош Теодосиќ, јавуваат српските медиуми.

Репрезентацијата на Србија утре патува за Кина каде ќе учествува на пријателски турнир, а потоа и на Мундобаскетот кој започнува на 31 август, а меѓу патниците нема да биде Теодосиќ.

Капитенот на Србија сè уште е на терапија поради повредено стопало кое го повреди на турнирот кој се играше токму во Србија. Теоретски,  Милош Теодосиќ може да се најде помеѓу учесниците на Мундобаскетот бидејќи последниот рок за пријавување на конечниот список е 48 часа пред стартот на СП, но српските медиуми се песимисти дека Ѓорѓевиќ ќе се одлучи на таков чекор.

Затоа пак во репрезентацијата се врати Владимир Лучиќ кој не настапи на Акрополис Купот поради поведа на бурниот мускул.
Селекцијата на Србија се наоѓа во групата Д заедно со Ангола, Италија и Филипини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот