ЃОРЃЕВИЌ ЛЕГЕНДА: Еве зошто загубиле од Аргентина, а потоа ги НАСМЕА сите!

https://twitter.com/FIBAWC

Александар Ѓорѓевиќ, селекторот на српската кошаркарска репрезентација после победата над САД (94:89) ги истакна причината поради која беа подобри од Американците, но и говореше за „елиминацијата“, клучот на триумфот на Аргентинците, а потоа ги насмеа сите.

Една од највпечатливите конференции започнаа со приказната за тешкиот момент во кој се сретнуваат два тима, наместо во борбата за медали, ги одмеруваат силите за пласман од петтото до осмото место на Мундобаскет.

Спортски, не ја заборава отежнувачката околност за Американците во овој меч.

– Бевме под шок. Да бидеме искрени, овој натпревар дојде во тежок момент за Американците. Верувам дека и нив ги изненади поразот во четвртфинале, веројатно не се подготвуваа за нас. Ние отворивме шутерски одлично, потоа се префрливме на игра под кошот. Честитки до момците, на никој не му лесно – рече Ѓорѓевиќ.

fiba.basketball

Вели дека ќе беше полесно да немаше толку непроспиени ноќи.

– Да се спие подолго од две ноќи во еден кревет, да се одмориме, тоа е за играчите клучно. Аргентина за еден и пол час беше тука, а ние ги пакувавме куферите, патувавме цел ден. Звучи комично, но еден добар доручек е навистина важен. Имаа тренинзи да се подготват подобро – додаде селекторот на Србија.

Ѓорѓевиќ исто така ја анализираше конкуренцијата на СП:

– Клучот беше да не примаме брзо поени, како што требаше да биде против Аргентинците. Во тоа успеавме денеска против САД тимски да браниме транзиција. Ја победивме Шпанија, па не игравме со со нив неколку години, па сега загубивме. Беа подобри, подобро подготвени. Тие се нашите големи ривали Шпанија, Франција, Литванија, Аргентина, САД. Ќе се појават Грција и Канада, кои учат да играат ФИБА кошарката која ниту малку не е лесна.

fiba.basketball

Новинарите воедно побараа од Ѓорѓевиќ да ја коментира неговата изјава пред селекторот на САД, „Господ да им помогне”.

– Бев гостин на националната телевизија. Можевте да ја видите иронијата. Немам причина да блефирам. Не покажав непочитување за Америка. Само сакав да им дадам сигурност на играчите, да порачам дека сме подготвени, дека сакаме да се натпреваруваме. Поп (селекторот на САД, Попович) имаше убав коментар и јас го ценам тоа. Има разочарувања, такви се натпреварувањата, но имав одлична група момци. Се случија убави и лоши работи, порази, повреди. Не е лесно за момците, мора да ги туркаш напред, да ги поддржуваш, веруваш во нив – истакна Ѓорѓевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот