„Голф“ паднал во провалија меѓу Бродец и Танушевци

Скопска Црна Гора, сеча на дрвја / Фото: Слободен печат, Југослава Дуковска

Тројца луѓе се тешко повредени и итно се пренесени во болница, откако автомобил „Голф“ паднал во провалија попладнево на патот помеѓу скопските села Бродец и Танушевци.

Возило излетало од патот и паднало во длабок амбис, по што повредените се извлечени и се пренесени во болницата „8 Септември“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, во тој предел, над Бродец, кон Танушевци, има и пожар на отворено од помали размери, гори деградирана шума и сува трева во месноста „Стојанова Река“, што не претставува сериозна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот