Големиот турски талент Јигитоглу ќе игра за првиот тим на МЗТ Скопје

Самет Јигитоглу потпиша договор со МЗТ за претстојната сезона/Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Големиот турски талент, Самет Јигитоглу (18 години, 216 см) и следната сезона ќе игра во „сино-белиот“ дрес, откако доби „прекоманда“ од втората екипа во најдобриот тим на МЗТ Скопје Аеродром, со кој потпиша договор за претстојната сезона.

Станува збор за класичен центар, кој минатото лето од Бешикташ дојде во МЗТ Скопје УНИ Банка, за кој во прволигашката конкуренција одигра 16 натпревари со просек од 10,3 поени и 8,5 скокови.

Дека станува збор за еден од најталентираните кошаркари во својата генерација говори и фактот што лани беше дел од олстар-тимот на јуниорската Евролига, кој настапи на завршниот турнир од ова натпреварување.

Јигитоглу е 12 кошаркар кој тренерот Александар Петровиќ ќе го има на располагање за новата сезона, во која освен нападот на двојната домашна круна, македонскиот шампион го очекува и настап со најдобрите екипи од регионот во АБА-лигата.

Во составот се и Американците Бре Ајви, Еван Максвел и Мајк Кафи, Србинот Страхиња Миќовиќ, како и репрезентативците Дамјан и Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Андреј Магдевски и Анреј Андоноски. Со првиот тим ќе работат и младинците Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот