Голема чест за Евгениј Поп Ацев: Добива место во „Куќата на славните на мартонското пливање“

Фото: facebook.com/evgenij.acev

Eден од најдобрите пливачи во историјата на Македонија, Евгениј Поп Ацев доби големо признание на глобално ниво.

Имено, Меѓународната организаицја Куќа на славните во мартонското пливање објави дека тој ќе стане нивни член на следниот собир кој е закажан за мај 2024 година.

Македонската пливачка легенда секкао изрази големо задоволство.

„Најголема чест и привилегија е да се биде во ,,Куќата на славните за маратонското пливање”(IMSHOF) во  друштво на најголемите имиња во историјата на светското  пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег  во светот на маратонско  пливање.

Многу сум благодарен на IMSHOF  за номинацијата , изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, објави тој на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот