Голем удар за Ѓоковиќ, остана без еден од главните спонзори

Компанијата „Пежо“ го напушти српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ /Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Француската компанија за производство на автомобили „Пежо“ се откажа од спонзорството на Новак Ѓоковиќ, информира британски „Експрес“.

Информацијата ја потврди Карло Таварес, генералниот директор на компанијата.

– Тоа е точно. Нема да ја продолжиме соработката со Ѓоковиќ – изјави Таварес, а пренесува Ел Еспанол.

Иако не е наведено, сосема е очигледно дека причина за тоа се сите случувања околу вакцинацијата, Австралија и сè останато што нема врска со тенискиот терен.

„Пежо“ е еден од главните спонзори на Ѓоковиќ од 2014 година. Првично рекоа дека немаат намера да ја прекинат соработката со Ѓоковиќ, но очигледно го смениле планот.

Според шпанските медиуми, компанијата „Пежо“ останува во светот на тенисот и ќе продолжи да спонзорира одредени турнири и играчи.

Ѓоковиќ се пријави за настап на мастерсот во Мајами

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот