Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Голема утка на „Си-ен-ен“ — го прогласи Мајкл Џ. Фокс за мртов, но славниот актер се огласи и се пошегува на своја сметка

По веста што ја објави „Си-ен-ен“ дека Мајкл Џеј Фокс, ѕвездата на филмот „Враќање во иднината“, починал на 64-годишна возраст, се огласи актерот кој со духовит одговор ги отфрли теориите на заговор. Со овој потег, тој уште еднаш покажа дека неговиот ведар дух и смисла за хумор се посилни од сите дезинформации и предизвици со кои се соочува.

„Како реагирате кога ќе го вклучите телевизорот и гледате како „Си-ен-ен“ известува за вашата смрт?“, напиша Мајкл на социјалната мрежа Тредс на 8 април.

Тој понуди и комични опции за одговор:

„Дали … А) се префрлате на „Ем-ес-ен-би-си“,

Б) Истурате топла вода во скутот – ако ве заболи, добро е,

В) Ја повикувате сопругата, надевајќи се дека е загрижена, но смирена,

Г) Се опуштате, бидејќи тоа го прават еднаш годишно,

Д) Се прашувате што, по ѓаволите, е ова?“

Шеесет и четиригодишниот актер додаде:

„Мислев дека дошол крајот на светот, но очигледно станува збор само за мене и добро сум. Со љубов, Мајк“.

Неговиот претставник исто така ги демантираше гласините за смртта:

„Мајкл е одлично. Вчера беше на „PaleyFest“. Беше на сцената и даваше интервјуа“.

Навистина, Мајкл присуствуваше на проекцијата на финалето на третата сезона на серијата „Shrinking“ на телевизискиот фестивал во Лос Анџелес на 7 април. Тој позираше на црвениот тепих покрај Харисон Форд и остатокот од екипата на серијата.

Мајкл, на кого му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991 година, размени топла прегратка со ѕвездата на „Индијана Џонс“, Харисон Форд, а снимките од двете легенди брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Извинување од „Си-ен-ен“

Фокусот на јавноста се сврте кон неговото здравје откако „Си-ен-ен“ објави видео со наслов „Сеќавање на животот на актерот Мајкл Џеј Фокс“, кое во меѓувреме е отстрането.

Портпаролот на „Си-ен-ен“ на 8 април изјави за медиумите:

„Видеото беше објавено по грешка, го отстранивме од нашите платформи и им се извинуваме на Мајкл Џеј Фокс и на неговото семејство“.

Иако актерот, кој со сопругата Трејси Полан има четири деца , отворено зборува за својата борба со невродегенеративното нарушување, тој неодамна ја сподели својата позитивна филозофија за животот:

„Земи го доброто и искористи го. Секојдневно се соочувам со нови физички предизвици, но поминувам низ тоа. Потребно беше време да се навикнам на инвалидската количка, но продолжувам понатаму“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот