Голем пех за Далас, Дончиќ се повреди (ВИДЕО)

epa08613776 LA Clippers forward Kawhi Leonard (L) draws a foul by Dallas Mavericks guard Luka Doncic (R) during the first half of the NBA basketball first-round playoff game two at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 19 August 2020. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на ЛА Клиперс поведоа до 2:1 во плеј-оф серијата против Далас маверикс откако во третиот натпревар славеа со 130:122.

Сепак, иако клиперси славеа, натпреварот помина во сенка на повредата на најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар на четири минути до крајот на третата четвртина се најде на паркетот по еден дуел со Каваи Ленард кој се обиде да постигне поени под кошот на Далас. Дончиќ доби незгоден удар во коленото по што го изврте зглобот на левата нога и потскокнувајќи мораше да го напушти теренот.

За победата на ЛА Клиперс и водство во плеј-оф серијата не беше најзаслужна повредата на кошаркарот на Далас туку одличната игра на Каваи Ленард кој натпреварот го заврши со 36 поени, 9 скокови и 8 асистенции.
Кај Далас, Кристапс Порзингис имаше 34 поени и 13 скокови, Тим Хардавеј јуниор и Сет Кари дадоа по 22 поени, а Дончиќ до повредата имаше трипл-дабл од 13 поени и по 10 скокови и асистенции.

Бостон селтикс благодарение на одличната игра во финишот со 102:94 ја совлада Филалдефија и поведе со 3:0 во победи. Натпреварот беше изедначен до самиот финиш, а на 80-тина секунди до крајот Филаделфија дури имаше и предност но тогаш со шест поени во низа на Тејтум, Вокер и Смарт, Бостон дојде до победата. Најефикасен кај Бостон беше Кемба Вокер со 24 поени, Џејлен Браун додаде 21 поен, а на Филаделфија не и помогна одлчната партија на Џоел Ембид кој натпреварот го заврши со 30 поени и 13 скокови.

 

Најубедливата победа во досегашниот дел од плеј-офот ја оствари Јута која со дури 37 поени разлика го совлада Денвер 124:87. Единственото водство на кошаркарите на Денвер беше на самиот почетокот од натпреварот (5:4), во поразот се навестуваше уште по првата четвртија која Јута ја доби со 25:14, а се беше решено до полувремето која предноста изнесуваше 25 поени (56:31). Повратникот во редовите на Јута, Мајк Конли беше најпрецизен со 27 поени, Руди Гобер уфрли 24 со 14 скокови, а Донован Мичел даде 20 поени. Кај Денвер најзабележителен беше Никола Јокиќ со 15 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот