ГОЛЕМ И ВО ПОРАЗ: Попович со респект за Србија и Богдановиќ! (ВИДЕО)

yle.fi

Не е познато за што поточно, но јасно е дека тоа беше потег полн со почит спрема големиот играч. Тој после мечот, сосема очекувано, во прв план го истакна Богдан Богдановиќ кој реализираше 28 поени и делуваше незапирливо.

Откако успеа Србија да ја совлада репрезентацијата на САД на СП во Кина во разигрувањето за пласман од 5-8 место, селекторот на Американците Грег Попович направи еден одличен гест.

– Србија е репрезентација полна со талентирани играчи, одлично предводена од Ѓорѓевиќ, кој навистина добро соработува со кошаркарите. Не ни беше лесно со селекција која има млади, а искусни кошаркари. Богдановиќ беше одличен – рече Попович, селекторот на САД.

И ова навистина покажува колкав е успехот на Србите и почитта на САД спрема нив. И тоа каков респект во пресметката помеѓу двете најуспешни кошаркарски репрезентации во светот со по пет светски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот