Ѓоковиќ со победата над Чориќ дојде до израмнување на рекордот на Сампрас

epa08778185 Novak Djokovic of Serbia in action during his first round match against Filip Krajinovic of Serbia at the Erste Bank Open ATP tennis tournament in Vienna, Austria, 27 October 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Првиот носител на турнирот во Виена го совлада Борна Чориќ со 7:6,6:3 и се пласирта во четвртфиналето.

Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ си го обезбеди првото место на АТП ранг листата на крајот од годината и го израмни рекордот на Пит Сампрас. Имено, Ѓоковиќ исто како и легендарниот американски тенисер, по шести пат ќе ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата.

Првото место може да му избега на Ѓоковиќ само под еден услов, Рафаел Надал кој е втор на ранг листата да се пријави за турнирот во Софија кој треба да се игра веднаш по Мастерсот во Париз на кој Шпанецот ќе учествува, додека српскиот тенисер ќе одмора. Засега Надал не најави дека ќе игра во Софија.

До ваквиот успех Ѓоковиќ дојде по тешка борба со хрватскиот тенисер кој имаше шанси да го освои првиот сет.
Во првио сет и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а првата можност за брејк ја имаше Чориќ во деветтиот гем но не успеа да го одзеде сервисот на Ѓоковиќ по што победникот мораше да се одлучи во тај=брејкот. Во, него имаше спектакуларни поени, грешки, пресврти и сет топки за двајцата тенисери, Чориќ имаше дури четири, додека Ѓоковиќ две по што третата ја искористи.

Во вториот сет, Ѓоковиќ направи брејк во третиот сет и сигурно ја одржуваше предноста со крајот на мечот кој го заврши со уште еден брејк за 6:3 и победа.
Нареден противник на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот Хуркач-Сонего.

Пласман во наредната рунда обезбедија уште двајца големи фаворити за трофејот, Данил Медведев и Стефанос Циципас. Медведев во два сета со 6:3,6:1 го елиминира Јунг од Тајван, додека Циципас играше три сета (6:7,6:3,6:4) против Јан Ленард Штруф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот