Ѓоковиќ останува крал на Вимблдон, во историско финале подобар од Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат е победил на најпрестижниот тениски турнир откако во историското финале го совлада големиот ривал Рожер Федерер. Ѓоковиќ победи со 3:2 во сетови и тоа со 7:6,1:6,7:6,4:6,13:12.

Со овој триумф, српскиот тенисер ја одбрани титулата од минатата година откако ви петиот сет успеа да спаси две меч топки на Федерер во 16. гем од петтиот сет.  Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој ја освоил титулата откако успеал да спаси меч топки на противникот по 71 година, пред него тоа го стори Американецот Боб Фалкенбург во 1948 година.

Интересено е што ова беше трет меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Федерер во финалето на најпрестижниот тениски турнир и во сите три наврати победи српскиот тенисер.

Неизвесното финале е прво во историјата на Вимблдон кое се играа пет сетови уште од 2014 година, и тогаш Ѓоковиќ го совлада токму Федерер, а ова беше и првиот дуел во сингл во кој се играше тај брејк во петтиот сет.

Во првиот сет беше забележана израмнета игра од двајцата тенисери, а првата брејк шанса ја имаше Федерер во четвртиот гем, но не ја искористи, по што сетот се решаваше во тај брејк, во кој првиот тенисер на АТП ранг листата  7:5 го освои сетот.

Вториот сет беше најдобар на Федерер во финалето, дури три пати го одзеде сервисот на Ѓоковиќ и со убедливи 6:1 ја врати неизвесоста.

Во наредните два сета, и двајцата  тенисери беа успешни по еднаш по што се замина во одлучувачкиот петти сет. Тука Ѓоковиќ прв направи брејк за 4:2 но веднаш одговори Швајцарецот со ри брејк. Во 15. гем, обратна слика, Федерер прави брејк и сервира за меч, имаше дури и две меч топки но не успеа да победи. Ѓоковиќ се врати од мртвите и успеа да триумфира во тај брејкот за 16 гран слем титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот