Ѓоковиќ налета на неочекувано друштво! (ФОТО)

Делегацијата на Дејвис куп репрезентацијата на Србија предводена од првата ѕвезда на тимот, Новак Ѓоковиќ престојува во Мадрид, а во престолнината на Шпанија наиде на необично друштво.

Во еден од рестораните во шпанскиот главен град српскиот тим налета на поранешните кошаркарски ѕвезди на Црвена Звезда, Стефан Јовиќ и Немања Дангубиќ.

Јовиќ со екипата на Химки му гостува на „кралскиот“ клуб, а Дангубиќ ги брани боите на локалнкиот Естудијантес.

Дали до средба меѓу двајцата кошаркари со Дејвис куп репрезентацијата на Србија се случи случајно или пак беше договорено не е познато.

Но, тоа е што е веќе познато в среда од 11.00 часот во рамките од групата А, Србија ќе го има првиот меч против Јапонија која претходно со 2:1 загуби од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот