Ѓоковиќ: Јас сум поборник за играње мечеви на три сета – насекаде!

Рафаел Надал на некој начин му е жал за Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Завршниот турнир во Лондон ни донесе два сосема различни ставови на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Тема на првиот и вториот ден на турнирот беа мечевите на три, односно пет сета.

И српскиот и шпанскиот тенисер остварија победи од по 2:0 во првото коло на турнирот, а потоа одговорија практично на истото прашање на прес-конференциите.

– Дали сите турнири би требало да се играат на три сета, односно да се укинат мечевите на Грен слем турнирите на пет сета?

– Јас сум целосно против промена на бројот на сетовите на Грен слем турнирите. Секогаш имаме слободен ден. Мислам дека играњето во пет сета им ја дава потребната разновидност на тие турнири, а во исто време тоа е дел од историјата на нашиот спорт. Да освоите Грен слем на три одиграни сета..Потребно е од играчот да барате уште нешто, нели? Треба да бидете психички посилни, физички посилни и сето тоа да биде толку долго без запирање, две долги недели – вели Надал.

Ѓоковиќ, пак, објасни зошто би сакал да се менуваат правилата на слемовите.

– Јас сум поборник за играње мечеви на три сета – насекаде. Иако Грен слем турнирите имаат долга традиција и историја. Не знам дали има шанса тоа да се промени. Но, да – повеќе би сакал мечеви на три сета – рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер додаде дека една од причините е што помладите генерации имаат сè помал опсег на внимание, а дуелите од Грен Слем може да траат подолго од мечеви во кој било друг спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот