Ѓоковиќ е крал на тенисот, со неверојатен пресврт до титула на Ролан Гарос

epa09268082 Novak Djokovic of Serbia celebrates winning against Stefanos Tsitsipas of Greece during their final match at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 13 June 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ испиша историја во Париз откако со неверојатен пресврт успеа да го победи Стефанос Циципас во финалето и тоа со 6:7,2:6,6:3,6:2,6:4.

Ова е  втора на Ролан Гарос откако првиот пат славеше во 2016 година. Ѓоковиќ стана првиот тенисер во модерната ера кој на секој од четирите грен слем турнири победил по најмалку два пати.
Исто така ова е 19 грен слем трофеј во кариерата на Ѓоковиќ со што дојде на само еден трофеј од Рафаел Надал и Рожер Федерер кои застанаа на бројката од 20 титули.

Првиот сет помина во израмнета игра на двајцата тенисери, Ѓоковиќ во првиот гем имаше две брејк топки кои не ги искористи. Потоа и Ѓоковиќ и Циципас беа сигурни на свој сервис се до 11 гем кога најдобриот светски тенисер направи брејк и доби можност да сервира за сет. Циципас не се предаде, веднаш направи ри-брејк и потоа во тај-брејкот да дојде до водство од 1:0 во сетови.
Вториот сет започна лошо за Ѓоковиќ, Циципас веднаш направи брејк, а продолжи со одлична игра и со втор брејк дојде до водство од 2:0 во сетови.

Но, во тие моменти Ѓоковиќ покажа зошто е еден од најдобрите тенисери во историјата и воедно е ментално најсилен тенисер на денешницата. Негативата од 0:2 во сетови не го обесхрабри, напротив почна да прикажува делови од играта со која го победи Рафаел Надал во полуфиналето. Во третиот сет направи еден брејк кој му беше доволен за да триумфира со 6:3 и да потврди дека се враќа во мечот. Во четвртиот сет, уште на стартот беше јасно дека ќе се игра одлучувачки петти бидејќи српскиот тенисер поведе со 4:0 и рутински го приведе сетот до крајот.
Во петтиот сет, клучен момент беше третиот гем во кој Новак ја искористи првата брејк топка и поведе со 2:1, а потоа со сигурен сервис ја зачува предноста до крајот за 19 грен слем титула во кариерата и втора на Ролан Гарос.

Видео на денот