Гого Славески: За мојот народ никогаш да не збориш во деминутив, успеавме, светски шампион!

фото: instagram.com/gogo_braveheart/

Горјан „Гого“ Славески е нов светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во верзијата БКФЦ.

Македонецот успеа да триумфира во Мајами, САД, против Американецот Џејк Линдзи.

Непобедливиот Славески го продолжи успешниот учинок без до сега ниту еден пораз (6-0).

Судиите на крајот ја донесоа одлуката, сите беа едногласни за победа на нашиот борец.

По освојувањето на појасот, Славески се огласи на социјалните мрежи:

– За мојот народ никогаш да не го збориш во деминутив!! СВЕТСКИ УСПЕХ! Успеавме!! Светски шампион – стои во објавата на Славески на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот