ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора, таа во Кочани фаќа прашина

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција нова хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани и рани кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, состојби со нарушена микроциркулација и други индикации, но и спортисти.

Комората ќе биде на располагање и за Пластична хирургија, Дерматологија и останатите болнички оддели, согласно потребите и медицинските индикации. Новата услуга е овозможена како проектна активност на болницата со донација од компанијата „Зегин“.

-Услугата најчесто ќе ја користат пациентите со хронични рани, кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, но исто така и од пластична хирургија, пулмологја, сегметите кои работат на зајакнување на имунитетот и не само пациенти туку и здрави спортисти кои понатаму преку проектите што ги планираме ќе бидат користени за зајакнување на нивните спортски перформанси. За кратко време ќе стане достапна за пациентите, изјави денеска директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојкоски, кој ја претстави новата опрема пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.

На проектот за хипербарната комора се работело пет месеци, а како што најави Стојкоски ќе стане достапна за пациентите за кратко време.

Хипербаричната капсула донирана во кочанската болница и наменета за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, фаќа прашина. Во моментов не ја користи ниеден од повредените пациенти а директорката на болницата доктор Катерина Паниќ за „Слободен печат“ минатата недела рече дека кај пациентите имало отпор за нејзино користење.

Хипербаричната капсула за повредените од „Пулс“ фаќа прашина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот