Го оставила момчето и работата, а на пат околу светот друштво и прави најдобриот пријател (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Сидни Фербраш (24) е совршен пример дека соништата можат да станат реалност. Оваа девојка патува низ Америка со своето куче за кое вели дека и е најдобриот пријател.

Фото: Инстаграм

Работата ја заменила со хонорарна и сега работи на интернет. Својот кампер во кој веќе живее неколку месеци го преуредила сама, и како што вели, го прилагодила за номадскиот начин на живот. Вели дека работела три работи за да заработи доволно пари за комбето.

Фото: Инстаграм

По раскинувањето на долгогодишната врска таа одлучила да го промени својот живот. Нејзиното куче Ела и прави друштво, а оваа двочлена екипа има следбеници ширум целиот свет. Досега таа посетила дваесет земји.

Фото: Инстаграм

Најпрвин ја посетила Јужноафриканската Република.

„Сакам да се забавувам и за тоа сама на себе сум си доволна. По пат направив тринеделно истражување за безбедноста на жените ширум Јужноафриканската Република. Кога им ја соопштив својата одлука на родителите, тие останаа скаменети од шок. Сите беа загрижени, но јас знаев дека се ќе биде во ред“, наведува Сидни.

Фото: Инстаграм

Вели дека таа после своето прво патување сфатила дека е родена за вакви патувања, а сега отворила и блог за своите патувања.

Фото: Инстаграм

„Вака планирам да живеам во текот на следните три до пет години. Помина една година од почетокот, а во следните две конечно ќе знам дали авантурата на тркала ќе биде мојот живот. Не знам што носи утрото и кога ќе запрам со патувањата, но не сакам сега да се оптоварувам со тоа“, објасни Сидни и додаде дека не се покајала за својата одлука.

Фото: Инстаграм

Од неодамна таа понела уште едно помало кученце со неа, па така сега таа и двајцата најдобри пријатели уживаат заеднички во патувањата.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот