Го фрлил фрижидерот во провалија: По потегот на полицијата веќе ништо слично нема да му падне на памет (ВИДЕО)

Маж вработен во продавница за бела техника решил да ја исмее идејата за рециклирање, па така во шпанскиот регион Алемерија во провалија фрлил скршен фрижидер.

Откако со својот потег се пофалил на социјалните мрежи шпанската цивилна гарда го идентификувала, го пронашла и го натерала да се симне во провалијата и да го отстрани фрлениот фрижидер, а потоа да го однесе на соодветно место.

И шпанската цивилна гарда се пофалила со својот потег на социјалните мрежи снимајќи го несовесниот граѓанин како го поправа својот мангуплук, за што добила многу пофалби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот