Глобалната понуда на нафта на најниско ниво за десет години
Понудата на светските производители на нафта на дневно ниво во јуни годинава е пониска за 2.390.000 барели во однос на претходниот месец.
Глобалната понуда на нафта во јуни изнесува вкупно 86.860.000 барели, што пак е на најниско ниво за последните десет години.
Препорачано
Според месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика производството на сурова нафта на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК во јуни е намалено за 1.900.000 барели дневно во однос на претходниот месец, на 22.190.000 барели.
Производството на другите видови нафта на ОПЕК на дневно ниво изнесува пет милиони барели.
Па според ова, вкупното производство на нафта на ОПЕК во јуни изнесува 27.190.000 барели дневно.
Производството на нафта на земјите кои не се членки на ОПЕК е намалено за 470.000 барели на 59.670.000 барели.
Па така глобалната понуда на нафта на дневно ниво во јуни е помала за 2.390.000 барели во однос на претходниот месец, а во однос на истиот период претходната година производството е помало за 13.400.000 барели.
Падот на глобалната понуда на нафта доаѓа по намалувањето на производството во некои земји, особено членките на ОПЕК како и на земјите кои не се членки, ни и поради намалувањето на САД најголемиот светски производител на нафта.


