Ѓуретановиќ го освои 29 место на 1500 метри слободно во Доха

фото: Национална пливачка федерација

Својот втор настап на Светското првенство во водени спортови во Доха, Катар го имаше македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ.

Нашиот 16-годишен натпреварувач пливаше на првата квалификациската трка на 1500 метри слободно.

Ѓуретановиќ беше побрз од двајцата конкуренти Родолфо Фалкон Јр од Куба и Илиас Ел Фалаки од Мароко со испливано време од 16:04.07 минути.

На крајот во оваа дисциплина македонскиот пливач успеа да го освои 29 место од натпреварувач колку што ја завршија трката.

Претходно Ѓуретановиќ настапи и во трката 400 метри слободно каде беше рангиран на 43 место од 55 пливачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот