Ѓорѓиевски вели дека не го ангажирал дронот кој ја снимаше акцијата за чистење на Скопје:„Фотографиите ги објавиле други“
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека не ангажирал дрон да го снима почетокот на акцијата за чистење на градот. Потврди дека имало објавено фотографии, но дека не ги објавил тој.
Препорачано
„Немав ангажирано дрон таму. Имаме фотографии меѓу кои има и дронски што не сме ги објавиле ние. Ги објавиле други“, рече Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5.
Неговиот одговор следи откако пред три дена „Призма“ објави дека според јавно достапните податоци на Агенцијата за цивилно воздухопловство, дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет.
Првите панорамски кадри од вечерта кога почна акцијата за чистење на Скопје ги објави премиерот Христијан Мицкоски, а тие подоцна се појавија и на фејсбукот на Ѓорѓиевски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
34мин
-
44мин
-
46мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


