Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска/ Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Ѓорѓиевски вели дека нема што да дебатира со Арсовска: Нека разговара со надлежните органи

„Поранешни политичари коишто имале можност да работата во интерес на граѓаните на Скопје, нема што со мене да комуницираат – таквите луѓе треба да разговараат со надлежни институции“, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој одговори на повикот на поранешната градоначалничка Арсовска за телевизиски дуел и соочување на аргументите. Ѓорѓиевски вели дека неговиот фокус се граѓаните и градот за кој граѓаните го гласаа.

Арсовска кон Ѓорѓиевски: Ајде на дебата за долгот во Град Скопје, избрка 500 луѓе за да направиш место за твоите партиски војници

„Што се однесува на бивши политичари коишто имале шанса дадена од граѓаните, но ја потрошиле за апсолутно ништо мандатот. немам што да коментирам – тие треба со други институции да разговараат, не со мене. Мислам дека мојот фокус во наредниот период средување на состојбите со хаосот и нередот што го оставиле во градот Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Тој одговори и на повикот на Јавното обвинителство – рече дека за сите негови изнесени наводи ќе достави документација до обвинителството лично.

Арсовска побара и објава со имиња и презимиња на сите 500 вработени, со податок кој од кога не доаѓал на работа, за – како што тврди – „да се види дека лажеш“.Ѓорѓиевски вели дека постојат институциите кои треба да се вклучат и посочи дека секој што згрешил треба да одговара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот