Арсовска кон Ѓорѓиевски: Ајде на дебата за долгот во Град Скопје, избрка 500 луѓе за да направиш место за твоите партиски војници
Исто така, таа обвини дека Ѓорѓиевски избркал луѓе кои три години оделе на работа за, како што вели, да направи место за неговите партиски војници
Откако новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека јавните претпријатија при Град Скопје ги затекнал со долг од околу 300 милиони евра, неговата претходничка Данела Арсовска се огласи и го обвини дека лаже за бројот на вработени кои не оделе на работа и земале плата, по што го повика на јавно соочување за, како што вели, да се соочат со своите аргументи во однос на долгот.
Препорачано
Таа од Ѓорѓиевски побара со име и презиме да ги објави сите 500 вработени кои не оделе на работа, како и сите фирми на кои им се должат средства од Градот и го повика на јавна дебата за долгот во Град Скопје.
„Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот. Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење“, напиша Арсовска.
Исто така, таа обвини дека Ѓорѓиевски избркал луѓе кои три години оделе на работа за, како што вели, да направи место за неговите партиски војници.


