Фото: EPA/Tibor Illyes

Ѓоргиев по победата над Бахреин: Ќе бидеме сè подобри од натпревар во натпревар

Најдобрите македонски ракометари ја темпираат формата за настапот на Европското првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година во Данска, Норвешка и Шведска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров моментно се во Винтертур, Швајцарија, каде што учествуваат на „Жолтиот куп“ како подготовка пред натпреварите од прелиминарната фаза на ЕП во данскиот град Хернинг.

На првиот меч одигран во четвртокот, нашата селекција триумфираше со 32:28 против репрезентацијата на Бахреин.

– Им честитам на моите соиграчи за борбата и за триумфот против Бахреин. Беше тежок натпревар за играње, со подеми и падови, но среќни сме за победата. Ќе бидеме сè подобри од натпревар во натпревар. Секогаш јас како индивидуалец целам на тоа дека секогаш може подобро, и мислам дека и останатите репрезентативци можат да бидат подобри – рече македонскиот репрезентативец, средниот бек Игор Ѓоргиев по мечот со Бахреин.

Македонија ќе го има својот втор натпревар на турнирот денеска од 17.45 часот против селекцијата на Украина.

Македонија со победа над Бахреин го почна турнирот во Швајцарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот