Фото: РФМ

Македонија со победа над Бахреин го почна турнирот во Швајцарија

Македонската машка ракометна репрезентација со победа ги отвори настапите на „Жолтиот куп“ во Швајцарија, откако вечерва беше подобра од селекцијата на Бахреин со 32-28, во рамки на завршните проверки пред настапот на Европското првенство.

Избраниците на Кире Лазаров дуелот го почнаа претпазливо, со цврсти одбрани и мал број голови во воведните десет минути, кога Македонија имаше минимално водство од 4-2. Како што одминуваше времето, двете екипи го подигнаа ритамот во нападот, а македонската селекција на паузата замина со предност од 15-13.

Во продолжението Бахреин подобро влезе во игра, ги казни неколкуте технички грешки на нашите ракометари и накратко го презеде водството (20-19). Сепак, Македонија брзо се консолидираше, наметна свое темпо и со серија ефективни напади повторно ја презеде контролата, што на крајот резултираше со сигурна победа од 32-28.

Македонските ракометари веќе утре ќе се соочат со Украина, додека последниот натпревар на турнирот е закажан за сабота против домаќинот Швајцарија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот