Ѓорческа скокна 12 позиции на ВТА листата и се врати во топ 200
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го подобри својот пласман на најновата ВТА листа, забележувајќи скок од 12 позиции по првите настапи во новата сезона.
Препорачано
Ѓорческа ја започна 2026 година со учество во квалификациите за САД опен, каде успеа да мине едно коло, а потоа настапи и на Челинџер турнирот во Порто. И на португалска почва македонската тенисерка оствари победа во првата рунда, што ѝ донесе значајни поени и напредок на ранг-листата.
Благодарение на тие резултати, Ѓорческа повторно се најде меѓу 200-те најдобри тенисерки во светот и моментално се наоѓа на 193. позиција. Во продолжение од сезоната, нејзина цел ќе биде да се приближи, а можеби и да го надмине својот најдобар пласман во кариерата, 170. место на ВТА листата.
Во текот на оваа недела, Ѓорческа нема планирани турнирски настапи и ќе го искористи периодот за подготовка за предизвиците што следуваат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


