Фото: EPA/JAMES ROSS

Ѓоковиќ за господскиот потег против Музети: Така сум воспитан, секогаш сакам да сум фер

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија опен, откако Лоренцо Музети беше принуден да го предаде мечот поради повреда, но српскиот тенисер уште еднаш ги воодушеви гледачите со редок пример на фер-плеј што ретко се гледа на врвно ниво.

Музети го освои првиот сет со 6-4, а во вториот на сервис на Ѓоковиќ водеше со 5-3. При резултат 30:15 за Новак, по размена од шест удари Италијанецот се обиде со дијагонален удар, но топката заврши надвор од теренот. Судјата Џејмс Киотавонг досуди поен за Ѓоковиќ и резултат 40:15, но тогаш следуваше неочекуван потег.

Ѓоковиќ му пријде на судијата и побара поенот да му биде доделен на Музети, објаснувајќи дека тој последен ја допрел топката. Резултатот беше коригиран на 30:30, а трибините го наградија српскиот ас со силни аплаузи, додека Музети спортски му се заблагодари.

Подоцна, Ѓоковиќ објасни зошто инсистирал на промената на одлуката, иако ни на забавената снимка не можеше јасно да се забележи контакт меѓу рекетот и топката.

„Ја почувствував вибрацијата на рекетот. Топката го закачи рамот и тоа го почувствував. Зошто му го кажав тоа на судијата. Едноставно, така сум воспитан. Научен сум секогаш да бидам фер и да се однесувам спортски и витешки, без разлика на резултатот“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се извлече: Музети доминираше, па му подари полуфинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот