foto: X@atptour

Ѓоковиќ во Мелбурн откри детали за своето повлекување: Ако можат Вавринка и Монфис…

Србинот никако не може да ги избегне прашањата на новинарите околу евентуалното повлекување

Новак Ѓоковиќ влезе во третото коло на Австралија опен по победата над Франческо Маестрели и ќе се соочи со Ботик ван де Зандшулп в сабота.

Србинот, кој во мај ќе наполни 39 години, по дуелот одговараше на новинарско прашање за тоа кога ќе се повлече, иако уште пред стартот на турнирот изјави дека не размислува за пензија.

– Монфис е една година постар од мене, Вавринка е две години постар од мене, па мислам дека имам барем уште една или две години – изјави Србинот за ЕСПН.

Тековниот Австралија опен е грен-слем за збогум за двајца тенисери: Гаел Монфис и Стен Вавринка. Првиот веќе е во аут со пораз во првото коло од Дејн Свини во четири сета, вториот е сè уште во трка откако го победи Артур Геа во второто коло 4-6, 6-3, 3-6, 7-5, 7-6 (3). Вавринка ќе се повлече на крајот на годинава.

ВИДЕО: Ѓоковиќ сигурен во Австралија, без изгубен сет ја скокна и втората пречка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот