Ѓоковиќ се повлече од жрепката за Мастерс турнирот во Индијан Велс

фото: EPA-EFE/Yoshua Arias

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално се повлече од жрепката за Мастерс турнирот во Индијан Велс, соопштија организаторите.

Ѓоковиќ се повлече бидејќи во САД сè уште е на сила одлуката, странците кои не се вакцинирани против коронавирусот, не можат да влезат во таа земја.

Србинот, кој е еден од најистакнатите спортисти кои не се вакцинирани против вирусот, минатиот месец поднесе барање до американската влада за специјална дозвола за настап на АТП Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, објави Ројтерс.

Турнирот во Индијан Велс ќе започне денеска и ќе трае до 19 март.

Организаторите воедно информираа дека местото на Ѓоковиќ ќе го заземе Николоз Басилашвили од Грузија.

Американците лути на сопствената држава поради Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот