Ѓоковиќ по поразот во Доха: Ништо не е исто како пред 10 или 15 години
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) е елиминиран во првото коло на АТП турнирот во Доха од Матео Беретини.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Италијанецот победи во два сета со резултат 2:0 (7:6, 6:2), а по мечот се огласи и Ѓоковиќ.
– Беретини одигра одличен меч. Со сервис исклучително силен и прецизен, со висок процент на прв удар. Немав многу шанси против неговиот сервис. Посебно во вториот сет. Во првиот имав две брејк топки. Секогаш го наоѓаше првиот сервис и беше многу агресивен, играјќи тактички многу паметно – рече Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ не беше со тренерот Енди Мареј во Доха, но двајцата ќе продолжат да соработуваат:
– Се договоривме да работиме на земјена подлога до крајот на сезоната и потоа ќе видиме. Нема да менувам ништо драстично во мојата игра, нема да играм сервис и волеј, освен понекогаш. Суштината на мојата игра ќе остане иста. Секако дека ќе се обидам да се прилагодам на подлогата на која играм. Секако дека ќе има уште повреди, нема да биде како пред 10-15 години. Секако, сепак ќе се обидам да го дадам максимумот од себе – се зборовите на Ѓоковиќ.


