Ѓоковиќ може да остане без уште еден главен спонзор и 27 милиони долари

Лакост размислува за прекин на соработката со Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Новак Ѓоковиќ откако минатата недела остана без главниот долгогодишен спонзор „Пежо“, можно сега за загуби уште еден, производителот на спортска опрема „Лакост“.

Имено, во „Лакост“ размислуваат за прекин на соработката со Ѓоковиќ уште од јануари откако беше депортиран од Австралија и не беше во можност да ја брани титулата на Австралија Опен.

Швајцарскиот новинар Бенјамин Вајнман тврде дека „Лакост“ одлучил да ја прекине соработката со српскиот тенисер и да започне соработка со американската тенисерка Венус Вилијамс.

Доколку дојде до раскин на договорот, Ѓоковиќ би останал без 27 милиони долари колку што требаше да добие во наредните три години.

„Новак Ѓоковиќ од 2017 година е заштитно лице на овој култен бренд, а договорот му трае до 2025 година. Тој добива девет милиони долари годишно, но во послените две години, соработката со Новак не и донесе ништо добро на компанијата. Фијаското со одбивањето да се вакцинира и депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија, на него и неговите спонзори им донесе негативен публицитет и поради тоа „Лакост“ сака да побара друго заштитно лице“, пишува Вајнман.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот