Ѓоковиќ лесно го реши Тиафо и донесе нова предност на Тимот на Европа

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Новак Ѓоковиќ му донесе нова победа на „Тимот на Европа“ на Лејвер купот што се игра во „О2“ арената во Лондон. Ѓоковиќ релативно лесно со 6:1,6:3 го победи Американецот Френсис Тиафо.

Со овој триумф на Ѓоковиќ, „Тимот на Европа“ поведе со 6-4 во победи над „Тимот на Светот“.

Ѓоковиќ првиот сет го реши со два брејка кои ги направи во четвриот и шестиот гем и за 23 минути ги доби сетот со убедливи 6:1.

Во вториот сет, Тиафо само на моменти наликуваше на тенисерот што неодамна го елиминираше Надал на УС опен, па го намачи Алкараз, но Ѓоковиќ повторо со два брејка го реши сетот и донесе нов бод за „Тимот на Европа“.

По мечот, Ѓоковиќ уште еднаш зборуваше за Федерер кој вчера и официјално стави крај на неверојатната кариера.

– Сите мора да се согласиме дека тоа се можеби најубавите моменти на тенисот досега. Сите знаевме дека тоа ќе биде емотивно збогување со Рожер. Имаше и тага, бидејќи еден од најголемите спортисти на сите времиња го напушта нашиот спорт. Од друга страна, ми беше убаво да го видам среќен. Благодарен сум што сум дел од ова и можам да го доживеам еден од најубавите моменти во животот. Кога ги видов неговите деца на теренот… Тоа беше прекрасно. Убаво е да се видат родителите на Рожер, сопругата Мирка… – изјави Ѓоковиќ по победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот