Фото: EPA/JAMES ROSS

Ѓоковиќ ги доби потенцијалните ривали на мастерсот во Рим

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на мастерсот во Рим, Италија, кој е закажан од 6 до 17 мај.

Ждрепката утврди дека четвртиот рангиран тенисер во светот ќе игра во второто коло (тој е слободен во првото) против победникот од дуелот Мартон Фучович – квалификант.

Следните потенцијални ривали на шесткратниот шампион на Мастерсот во Рим би можеле да бидат Уго Амбер, Вит Коприва, Фабијан Марозан (трето коло), Карен Хачанов или Артур Риндеркнеш (осминафинале), Лоренцо Мусети, Каспер Руд или Јиржи Лехечка (четвртфинале), Александер Зверев, Алекс де Минор, Рафаел Ходар (полуфинале), додека само во финалето би можел да се соочи со првиот играч на АТП листата, Јаник Синер.

Ѓоковиќ ќе тренира во понеделник од 18.00 часот на Централниот терен.

Србинот не одиграл официјален меч од Мастерсот во Индијан Велс во март, кога беше елиминиран од Џек Дрејпер во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот