Ѓоковиќ е полуфиналист на турнирот во Тел Авив

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Тел Авив (Израел), откако денеска во четвртфиналето го совлада Вашек Поспишил со 7:6 (7:5), 6:3.

Мечот траеше еден час и 54 минути, ова беше шести дуел меѓу на српскиот и канадскиот тенисер, а шести триумф за Ѓоковиќ.

Во првиот сет ниту еден тенисер не направи брејк, а победникот беше решен во „тај-брејк“, кој му припадна на Ѓоковиќ со 7:5. Србинот водеше со 3:0 во вториот сет, но Канаѓанецот успеа да израмни на 3:3. Ѓоковиќ потоа поведе со 4:3, а потоа му одзема гем на сервис на противникот. Србинот потоа на свој сервис стигна до победата.

Ноле утре во полуфиналето ќе игра против рускиот тенисер Роман Сафиулин, кој со 6:4, 6:1 го совлада Французинот Артур Риндеркнех.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Хрватот Марин Чилиќ и Французинот Констант Лестијене. АТП турнирот во Тел Авив се игра за награден фонд од 1.019.855 долари.

Видео на денот