Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето на Мастерсот во Париз

Новак Ѓоковиќ најверојатно до последен момент ќе знае дали ќе игра на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Првиот носител на Мастерсот во Париз, Новак Ѓоковиќ без борба обезбеди пласман во четвртфиналето откако Гаел Монфилс го предаде мечот кој требаше да се игра денеска.

Ѓоковиќ и Монфилс требаше да играат во осминафиналето на Мастерсот, но францускиот тенисер се повлече поради повреда на мускулот на десната нога. Монфилс соопшти дека лекарите не му дозволија да настапи против Новак Ѓоковиќ поради повредата која ја здоби уште на почетокот од мечот со Адријан Манарино.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе мубиде подобриот од дуелот Камерон Нори – Тејлор Фриц.
Покрај Ѓоковиќ, пласман во четвртфиналето обезбедија Хуберт Хуркач и Џејмс Дакворт.

Хуркач во три сета со 4:6,7:5,6:2 го победи Германецот Кепфер, додека Дакворт во два сета и тоа со 7:6,6:4 гбеше поуспешен од Попирин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот