Ги држите ролетните спуштени дома во текот на денот? Постои причина зошто тоа не е добро

Фото: Freerange Stock

Деновиве додека Македонија се „пржи“ на високи температури, многу луѓе преку ден ги држат спуштени ролетните во своите домови за барем малку да се разладат. Меѓутоа, кога ќе прочитате како тоа може да влијае на вашето здравје, ќе размислите за таа навика.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Орегон, предводено од д-р Ашкан Фахимипур, утврди дека е многу поздраво да се држат ролетните кренати, бидејќи сончевата светлина ги убива бактериите кои живеат во честичките на прашината, а тоа може да го намали и ризикот од респираторни проблеми.

Истражувањето е објавено во стручното списание „Микробиом“, а научниците во контролирани услови ги изложиле бактериите што се наоѓаат во домашната прашина на три различни ситуации – темна просторија, просторија со природна светлина и просторија со УВ осветлување.

Кога поминале 90 дена, тие ги собрале примероците и ги анализирале, со што утврдиле дека постои поврзаност помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прашината. Бактериите се размножувале многу побрзо (дури 12 отсто) во темни простории. Најмалку бактерии имало во просторијата со УВ светлина (6,1 отсто), потоа во просторијата со дневна светлина – 6,8 отсто.

Покрај тоа, бактериите пронајдени во темната просторија исто така се поврзани со респираторни проблеми, многу повеќе од оние земени во дневната соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот