„Get EXITed“ во Струмица ги надмина сите очекувања на организаторите, тврдат дека имало над 20.000 посетители

Егзит Get EXITed Струмица: Фото Промо

Забавата „Get EXITed“, големиот еднодневен настан во струмичкиот Градски парк, во организација на тимот на Егзит Фестивалот и општината, се одржа синоќа, со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди.

За вчерашната „Гет ЕГЗИТед“ журка беа најавени настапите на имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар, Дина Јашари и Другари, „21 Век“ и диџеите Гоце С.А.Ф. и Чваре (Фанки Фреш).

Егзит Get EXITed Струмица/Фото: Промо

Основачот и директор на „Егзит“ Душан Ковачевиќ изрази големо задоволство по повод настанот во Струмица и објасни дека Get EXITed е вовед за големиот фестивал кој ќе се одржи догодина во соработка со „Егзит“.

„Фестивалското семејство на „Егзит“ во моментов е една од најбрзорастечките фестивалски групации на светот со 12 фестивали во седум држави. Сигурни сме дека сите предуслови се тука за и Македонија да добие еден голем фестивал каков што заслужува. Од 20-годишното работно искуство со „Егзит“, гледам дека тука е присутна енергијата која е потребна за да се случи еден таков фестивал“, рече Ковачевиќ.

Дел од Get EXITed музичкиот спектакл беше и своевидната винско-гастрономска програма, која ги претстави најдобрите винарии и локални произведувачи на традиционалните специјалитети од македонската кујна. Целиот проект е реализиран со поддршка на Владата на Македонија и Општина Струмица, како продолжение на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се одржа минатата недела во Белград, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, која пружа простор за унапредување на туризмот и културната соработка на земјите во регионот.

Егзит Get EXITed Струмица/Фото: Промо
Егзит Get EXITed Струмица/Фото: Промо

Оваа летна забава за паметење направи одличен вовед за покренување на големиот Егзитов фестивал во Македонија, кој е планиран за следната година и кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот, која веќе првата година ги пополни сите сместувачки капацитети во Струмица и околината.

Егзит Get EXITed Струмица/Фото: Промо
Егзит Get EXITed Струмица/Фото: Промо

ЕГЗИТ е најголемата организација во музичката индустрија на Југоисточна Европа, која покрај самиот Егзит, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, има 12 свои фестивали во седум земји. До сега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип“ фестивалот во Белград, „Си Денс“ и „Ада Дивајн Авејкенинг“ во Црна Гора, „Револушн“ во Романија, „Си Стар“ во Хрватска, „Ековејвс“ во Грузија, „Фестивал 84“ во Босна и Херцеговина, „Санленд“ на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс“ во Инѓија и многу други.

Егзит Get EXITed Струмица/Фото: Промо

Мисијата на „Егзит“ од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и збогатување на културната понуда преку развојот на креативните индустрии и фестивалскиот туризам.

Калвин Харис и Кирил Џајковски на ЕГЗИТ! Спектакл со 60 нови изведувачи на фестивалот

Струмица домаќин на „Егзит” како дел од регионалниот Фестивал на храна и вино

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот