Струмица домаќин на „Егзит” како дел од регионалниот Фестивал на храна и вино

Егзит во Струмица/Фото: Фејсбук

Струмица вечер е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата Отворен Балкан. По успешната реализација на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан”, кој од 1 до 4 септември се одржа во Белград, во Струмица продолжува промоцијата на најдобрите вина и највкусната автентична храна од земјава, соопштија од Владата.

Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација „Егзит” во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг „Get EXITed” каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна ено-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците на СОУ „Димитар Влахов” од угостителско -туристичката струка, профил готвач, кои заедно ќе подготвуваат локални специјалитети.

Дел од саемот ќе бидат и штандовите на малите произведувачи и земјоделци со органски производи.

Во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е програма проследена со концерти кои ќе траат од 19:00 до 04:00 часот.

-Регионалниот Фестивал на храна и вино во Струмица, кој се реализира во рамките на иницијативата Отворен Балкан, претставува одлична можност за уживање во сортните македонски вина, автентичната македонска храна и светските музички ноти, додаваат од Владата.

На големата „Get EXITed” забава вечер во Градскиот парк во Струмица ќе настапат возбудливите имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар. Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце С.А.Ф. и Чваре (Фанки Фреш).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот