Германското министерство го забрани користењето на ZOOM преку службените мобилни

Фото: ЕРА

Користењето на Зум е дозволено само во „вонредени ситуации“, а притоа не се наведува конкретно за какви ситуации станува збор.

Германското министерство за надворешни работи издаде денеска упатство до своите вработени на службените мобилни телефони да не ја инсталираат апликацијата Zoom која, посебно во време на пандемија на коронавирусот, се користи за пренос на видеоконференции.

Министерството упатството за своите вработени го издало поради безбедносни причини, пишува весникот Ханделсблат на својата интернет страница. Користењето на Зум е дозволено само во „вонредени ситуации“, а притоа не се наведува конкретно за какви ситуации станува збор.

Zoom и натаму е дозволен за конференции кои се водат преку фиксната телефонска мрежа.

Но притоа се предупредува дека преку Zoom и натаму да не се водат доверливи разговори, поради тоа што пренесот на податоци ниту преку фиксната мрежа не е секогаш кодиран.

Во САД против Zoom е покрената заедничка тужба

Како што јави новинската агенција Ројтерс, во САД против Zoom е покрената заедничка тужба зошто компанијата тврдела дека комуникацијата преку нејзината апликација е посигурна отколку што е.

Zoom дури после критиките призна дека комуникацијата преку оваа апликација не е секогаш кодирана.

Во време на пандемијата на коронавирусот и работата од дома, молскавично порасна користењето на апликацијата Zoom за видеоконференции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот