Германските власти повикуваат на забрана за знамето на Хамас

Пратеничките групи на владејачките партии во Бундестагот – Христијанско-демократската унија (ЦДУ) / Христијанско-социјалистичката унија (ЦСУ) и на Социјалдемократската партија на Германија (СДП), едногласно повикаа на забрана за знамето на терористичката група Хамас во Германија.

– Не сакаме знамиња на терористички организации да се веат на германска територија, изјави Торстен Фрај, заменик претседател на пратничката група ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, во интервју за „Велт ам Зонтаг”.

Според политиката, забраната за знамето на Хамас во Германија може да биде јасен сигнал за Израелците кои живеат во Германија. Се предвидува со соодветна одредба да се надополни членот 86 од германскиот Кривичен закон, кој забранува ширење на пропагандни алатки од организации чии активности се неуставни. На иницијатива на ЦДУ/ ЦСУ и СДП, овој параграф може да биде дополнет со забрана за симболите на организации, кои се признати од Европската унија како терористички. Покрај Хамас, доколку бидат изгласани амандманите, забраната ќе ги вклучува и симболите на леворадикалната палестинска организација ПФЛП, која, исто така, има поддржувачи во Германија.

За време на ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт на Блискиот Исток во мај 2021 година, германската Влада ги осуди ракетните напади на Хамас врз Израел од Појасот Газа како „терористички”.

Во изминатиот период во Германија се одржаа низа антиизраелски протести, а учесниците носеа, меѓу другото, и симболи на палестинското движење Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот