Германската полиција конечно ја уапси Мирнеса, а парите никој не знае каде се

Мирнеса С. / Германска полиција/ Фото Слободен печат

На аеродромот во Штутгарт е уапсена Мирнеса С. (42), која украла повеќе од еден милион евра од компанијата за транспорт на пари во која работела, пренесува Феникс Магазин. Инспекторите заедно со федералната полиција вчера околу 19:45 часот на аеродромот во Штутгарт ја уапсиле Мирнеса С., која преку својот адвокат најавила дека ќе се предаде. Полицијата во Штутгарт во соопштение го потврди апсењето на осомничената Мирнезе С.

„Полицајците во понеделникот вечерта (23.01.2023 година) уапсија 42-годишна жена по која е распишан јавен претрес и меѓународна потерница, а се сомничи дека како вработена во компанија за транспорт на пари“, велат од полицијата.

Таа претходно преку својот адвокат најави дека ќе се предаде. Околу 19 часот и 45 минути конечно било извршено апсење во Штутгарт. Жената денеска била изведена пред судијата за прекршоците, кој ја изврши постојната потерница. „Во тек е увидот каде се наоѓаат парите“, соопштија од полицијата.

Да потсетиме, полицијата низ Германија со месеци ја бараше Мирнеса, а ги објави и нејзините фотографии. На снимката од надзорните камери од фирмата што ги објави полицијата, се гледа како таа вади пари од сметката на компанијата. Парите ги ставила во црна спортска торба.

На 14 октомври минатата година, 42-годишната украла повеќе од еден милион евра од компанијата за трансфер на пари во Штутгарт, каде што била вработена. Мирнеса имала пристап до парите како вработена во фирмата. Кражбата била забележана истиот ден, а полицијата започнала истрага. Во својата изјава не објаснија како вработената извадила толку голема сума пари.

Објавена е награда од 37.500 евра за информација која би довело до апсење.

Германската полиција трага по мистериозна госпоѓа од БиХ, украла милион евра од фирма во Штутгарт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот