Германската полиција верува дека Мирнеса се крие некаде на Балканот

Мирнеса С. / Германска полиција/ Фото Слободен печат

Веќе трет месец полицијата трага по Мирнеса С. од Босна и Херцеговина, која на 14 октомври украла еден милион евра од компанија за транспорт на пари. Но, и по толку време полицијата не може да најде никаква трага од неа.

Како што изјави портпаролката на полицијата Илона Бон за германски „РТЛ“, полицијата верува дека Мирнеса С. се крие некаде на Балканот.

За време на божиќните и новогодишните празници полицијата добила повеќе од 150 дојави, што укажува на тоа дека таа најверојатно побегнала во Босна и Херцеговина.

Мирнеса С. имала пристап до парите како вработена во фирмата. Кражбата била откриена истиот ден, а полицијата започнала истрага. Сѐ уште не е објаснето како таа извадила толкава сума пари од компанијата.

Многумина веруваат дека таа веројатно имала помош во кражбата, меѓу кои и нејзиниот поранешен колега Иван Ангелов, кој за РТЛ изјави дека на почетокот бил шокиран:

„Да, на почетокот бев шокиран. Но, во исто време, не можам да кажам дека бев изненаден. „Таа секогаш велеше дека не сака повеќе да работи, само сака да се забавува“, рече тој.

Многу нејзини пријатели веруваат дека таа имала помош во сето тоа. Ангелов додава дека можела да направи сѐ за својот маж, па веројатно сето тоа не го организирала сама. На прашањето дали мисли дека Мирнеса С. треба да се предаде, тој одговарил: „Не знам дали тие пари вредат сето тоа“, вели тој.

Од полицијата потсетуваат дека сѐ уште постои актуелна награда за помош која би довела до апсење на 42-годишната жена.

Германската полиција трага по мистериозна госпоѓа од БиХ, украла милион евра од фирма во Штутгарт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот